БЕП платформа

Главниот иновативен аспект на проектот е платформата “БEП” (Business Education Public Integration Platform). Овој нов онлајн систем, ќе претставува линк помеѓу три категории на субјекти: образовни институции, приватни бизниси и јавни претпријатија. Целта е во иднина секој од овие субјекти на платформата да регистрира сопствен кориснички профил, одвоен во една од трите категории на која припаѓа.

Исто така, ќе биде создаден специјален модул кој ќе овозможи брза и ефективна размена на документи помеѓу проектните партнери.  Ќе се воспостават линкови со постоечките европски платформи за размена на знаење и искуства помеѓу образовниот и бизнис секторот. Во текот на создавањето на софтверот за БЕП платформата ќе има промотивни активности во стопанските комори и образовни институции, за спојување на нивните потреби, вештини и заеднички интерес во процесот на создавање на нови производи и услуги.