Кариерен центар

Создавањето на унифициран Кариерен центар кој е во функција на зголемување на можностите за вработување на дипломираните студенти е третиот иновативен аспект на проектот. Некои од партнерските институции веќе имаат Кариерни центри така што врз основа на нивното искуство и знаење, најпрво ќе се создатат кариерни центри во оние партнерски институции кои истите ги немаат, а потоа ќе се воспостави унифициран меѓународен Кариерен центар, каде што дипломираните студенти ќе  добиваат експертиза и совети во функција на дефинирање и развој на нивната кариера.

Кариерниот центар ќе се развива со цел да помогне во изградба на професионални компетенции на студентите, овозможувајќи им да бидат активни учесници на пазарот на трудот, како преку пракса во текот на нивните студии, така и да им обезбеди контакти на студентите со бизнис заедницата, по нивното дипломирање.  Значителен број на активности ќе бидат насочени кон истражување на постоечките Центри за кариера кај партнерите и други институции во Европа и пошироко;   преглед на карактеристиките кои успешните Кариерни центри ги имаат, а потоа креирање на модел на унифициран Кариерен центар, кој ќе биде применлив и корисен во секоја високообразовна институција. На крајот, партнерите ќе го имплементираат овој модел и ќе ги евалуираат резултатите.