За ISPEHE

Проектот “Иновативно стратешко партнерство за европско високо образование“  ќе се реализира во соработка помеѓу Институт за бизнис економија, како проектен координатор и  University of Pavia, Italy; University of Ljubljana, Slovenia; Ekonomikas un kultūras augstskola, Latvia и Technical University of Riga, Latvia, како партнери.  Проектот е финансиран и поддржан од Европската Комисија, Програмата Еразмус +, клучна акција 2-Стратешко партнерство и ќе се реализира во периодот 2015-2016 година.

Проектот ќе  се фокусира кон креирање на интегриран и иновативен пристап за претприемничко образование и воспоставување на линк помеѓу високообразованите институции и претпријатијата за развој на практични насоки за учење преку развој на иновативна веб платформа и интегриран кариерен центар. Овие неколку најдобри идентификувани европски практики во однос на високото образование ќе бидат реализирани преку споделување и размена на досегашните искуства помеѓу партнерските институции вклучени во проектот.  на следните неколку идентификувани најдобри европски практики во однос на високото образование:

Овој проект е развиен врз основа на комплементарност помеѓу актуелните општествени потреби, идентификуваните јазови и препораките содржани во стратешките документи на Европската унија и претходно успешно реализираните проекти од партнерските институции. Целта е да се создаде одржливо иновативно подобрување на усвоените и успешно имплементирани пристапи во сите партнерски институции, и да создаде долгорочен стратешки модел кој успешно ќе функционира и по завршување на проектот.

Применувајќи комплементарен пристап од индивидуално имплементирани активности на секоја од партнерските институции, овој проект има три главни иновативни компоненти: Business Education Public Integration Platform (понатаму: “БЕП” платформа), Интегриран образовен пилот модел кој треба да ги сподели најдобрите образовни практики во Европа, и Консолидиран Кариерен Центар.

Главната цел на проектот е поддршка на развојот на иновативни научно-наставни методи и идеи преку долгорочна стратешка соработка на високообразовни институции и компании на европско ниво и подобрување на развојот на одржлив научен напредок во високообразовните институции.

Специфичните цели на проектот се:

  • Имплементација на модели за ефективно и практично учење, преку подигнување на свеста за создавање на култура подобна за иновации: воспоставување на најдобри едукативни практики посветени на подобрување на постоечките наставно-научни методи во партнерските институции, поттикнување на иновација, креативност, како и бизнис и лидерски вештини,
  • Правење на основа за промовирање на иновациите и различни кариерни опции помеѓу сегашните и идни студенти: развој на соработка помеѓу сите стејкхолдери посветена на зголемување на заедничките врски на сите оперативни нивоа, фокусирање на промоција на интрапретприемништво
  • Развој на иновативно ИТ решение – платформа: креирање на иновативно решение кое ќе ги поврзе сите заинтересирани страни и ќе креира широк спектар на можности за споделување на искуства, заедничко дејствување и додадена вредност на вклучените страни во проектот.

Целите на проектот се одговор на повеќе потреби како што се: зајакнувањето на врската помеѓу високообразовните установи и бизнис секторот, поставување на заеднички модерни наставно-научни практики, на база на постоечки курикулуми кои веќе ги имплементираат партнерите во проектот, подигнување на свеста за иновација кај студентите и подобрување на интрапретприемничката култура во бизнис секторот. Главната цел на проектот е да се даде одговор на овие потреби, за да се создаде иновативна култура, подржана од долгорочна постојана соработка помеѓу високообразовните институции и бизнис секторот, како и креирање на најдобри наставно-научни практики помеѓу високообразовните институции, со цел зајакнување на иновативните и претприемачките капацитети на студентите.

Главните резултати и заклучоци кои треба да произлезат од имплементацијата на проектот се:

  • Зајакнато вмрежување на сите заинтересирани страни и зголемена комуникација помеѓу партнерите-учесници на проектот и сите стејкхолдери.
  • Зголемена јавна свест за подобрување на високото образование на европско ниво
  • Зголемени капацитети на учесниците во проектот во поглед на најдобри наставно-научни практики
  • Интегриран модел за негување на иновативна култура и ефикасност на учење кај високообразовни институции – развивање на модел преку синергија на сеопфатни едукативни пристапи кои веќе се применуваат во партнерските институции, користејќи комплементарен пристап за поставување на нови, пилот-наставни програми, кои ќе се фокусираат на воведување на иновативни концепти во постоечките методи на учење.
  • Зголемување на капацитетите на учесниците во проектот за превземање на консултативни активности, педагошки услуги и партиципативен пристап во водење на студентите кон најперспективните кариерни патеки.
  • Пилот Консолидиран Кариерен Центар кој на високо експертско ниво ќе нуди најдобри совети за кариерен развој на студенти.

Креирање на Business Education Public (BEP) Integration Platform – платфoрма за зголемување на можностите за соработка за бизниси, јавни институции, високообразовни установи, студенти и останати заинтересирани страни. Оваа платформа ќе понуди неколку иновативни компоненти, вклучувајќи онлајн поддршка со транспаренти проекти и алатки за менаџирање.