Истражувања

Проектот ISPEHE се состои од следните три иновативни компоненти: Стратешко интегрирање на моделите за учење (SILM), Креирање на консолидиран кариерен центар (PCCC) и развивање на онлајн (BEP) платформа која ќе ги интегрира студентите и бизнис заедницата.

Прва иновативна компонента: Стратешко интегрирање на модели за учење (SILM)

Во време на постојано растечката потреба за примена на иновативни и компатибилни образовни методи и практики, како и заради постигнување на целите истакнати во различни стратешки документи на Европската Унија, проектот ISPEHE отвaра можности за промовирање на иновативна култура на учење и на најдобрите практики на учење применувани во познати високо-образовни европски институции.

Главната цел на оваа иновативна компонента е врз основа на успешно имплементираните пристапи на учење во партнерските институции вклучени во проектот да се креира образовен пилот модел кој ќе ги интегрира различните модалитети на партиципативно учење како што се системот на електронско учење, учење на далечина, модернизирани приоди на интерактивни вклучување на студентите во наставата, студии на случај и сл. Овие навидум различни пристапи кон учењето ќе бидат комбинирани во еден иновативен и модерен предлог за образовен модел на учење кој би требало пред се да го зголеми квалитетот на образованието кое се нуди во партнерските институции, и пошироко, како и да креира солидна основа за понатамошен развој на соработка во оваа област.
Првиот чекор при стратешкото интегрирање на моделите за учење применувани во партнерските институции претставува анализа на потребите за креирање на еден ваков иновативен модел на учење. Целите на оваа анализа се во согласност со специфичните цели на првата иновативна компонента на проектот

  • Идентификување на тековно применуваните практики на учење во партнерските институции
  • Обезбедување на помош за донесување одлуки во врска со воспоставување на оптимален модел и најдобри практики на учење.
  • Обезбедување на партиципативен пристап од сите заинтересирани страни при креирањето на SILM

и претставуваат поддршка за реализација на истите.

Истражувањето во врска со анализата на потреби е спроведено во сите пет партнерски институции вклучени во проектот со цел да се приберат информации за а) најчесто применуваните практики на учење во партнерските институции, б) кои од применуваните методи на учење и оценување се заеднички за сите партнерски институции а кои се поспецифични и/или уникатни и креативни и в) какви се мислењата/ставовите на студентите/професорите во однос на применуваните практики на учење и проценка на знаењето. Од тимовите на партнерските институции, заеднички, подготвени се два вида на Прашалници, за студентите и професорите, кои се состојат од 12 односно 11 прашања, соодветно, со можност за избор на повеќе од еден одговор. Анкетата е спроведена во текот на месеците Април и Мај 2015 на студенти од прва, втора и трета година додипломски студии кои студираат во областа на бизнис и бизнис администрација (особено претприемништво, менаџмент и бизнис администрација) како и на професори кои се вклучени во наставата на предмети од претходно наведените области.

За определување на големината на примерокот користен е методот на конечна популација и примена на факторот за корекција на конечна популација (FPC factor) при непозната стандардна девијација. Севкупно анкетирани се 376 студенти и 59 професори и врз основа на добиените резултати подготвени се пет индивидуални SILM извештаи, по еден од секоја партнерска институција. Севкупните резултати од спроведената анкета и подготвените извештаи се интегрирани и екстензивно образложени во документот Анализа на потреби за SILM, кој всушност го претставува и шестиот интелектуален труд од проектот. Истиот, заедно со останатите интелектуални трудови е достапен во проектната документација. Овој труд, заедно со претходните пет труда, кои воглавно се однесуваат на планови и извештаи од подготвителната фаза на проектот, во подоцнежните стадиуми на проектот ќе бидат објавени на Европската платформа за дисеминација.

 

Втора иновативна компонента: Пилот Консолидиран Кариерен Центар

Во насока на препораките наведени во бројни европски стратешки документи високо-образовните институции треба да ги зајакнат своите можности за брз одговор на се попребирливиот пазар и барањата на бизнис заедницата и општеството. Имајќи го тоа предвид втората иновативна компонента на проектот ISPEHE има за цел да воспостави консолидиран кариерен центар на европско ниво преку кој од една страна би се зголемиле можностите за вработување на дипломираните студенти и од друга страна би се одговорило на соодветно потребите на бизнис секторот во однос на вештините и компетенциите кои треба да ги поседуваат дипломираните студенти при вработувањето. Во тој поглед некои од партнерските институции веќе имаат кариерни центри кои успешно функционираат и нивните искуства и акумулирано знаење ќе бидат соодветно искористени за етаблирање на унифициран меѓународен кариерен центар каде што студентите ќе имаат можност да добијат оптимална експертиза и совети во однос на понатамошното градење на нивната кариера.

Преку ваквиот центар на студентите ќе им се помогне да ги збогатат професионалните компетенции и активно да учествуваат во европската работна сила, како преку пракси и волонтерства во текот на студирањето, така и преку обезбедување на соодветни контакти со бизнис заедницата при процесот на вработување. Кариерниот Центар, преку ангажираните стручни лица, ќе може прецизно да ги процени вештините и компетенциите на секој студент и врз основа на тоа да им го сугерира најправилниот пат во градење на кариерата.

Голем дел од истражувањата во однос на втората иновативна компонента ќе бидат фокусирани кон 1) истражување на постоечките, функционални, кариерни центри во партнерските институции, како и во други институции во Европа и пошироко, 2) истакнување на најважните карактеристики на успешните кариерни центри и 3) креирање на модел за унифициран кариерен центар кој би бил подеднакво применлив и корисен во било која високо-образовна институција.

Истражувањето во однос на оваа компонента се очекува да отпочне во втората половина на септември, 2015.

 

Трета иновативна компонента: Бизнис-образование проектна платформа (БЕП)

BEP платформата за водење на проекти ќе претставува ново иновативно ИТ решение за менаџирање на проекти кое ќе ги зголеми можностите за соработка во образованието со бизнис заедницата и останатите заинтересирани страни, намалувајќи го на тој начин постоечкиот јаз помеѓу образованието, јавниот и приватниот сектор. Оваа платформа е замислена така што секоја заинтересирана страна ќе има свој профил регистриран на платформата во една од трите групи: образовна институција, приватна компанија или јавно претпријатие, а ќе функционира врз основа на мултидисциплинарна соработка меѓу групите како почетен чекор во водењето на проекти од почетната до завршната фаза. Исто така, ќе биде креиран посебен модул кој ќе овозможи брза и ефективна размена на документи меѓу проектните партнери. Со цел да се разменат искуства и знаења кои ќе придонесат за подобра соработка меѓу образованието и бизнис секторот во понатамошните фази од проектот ќе бидат воспоставени релации и со слични постоечки европски платформи.

Во однос на истражувањето на оваа компонента од проектот досега направени се 1) релевантни истражувања за карактеристиките и функционалностите на првата верзија на БЕП и тие се веќе достапни во проектната документација, 2) техничка и софтверска спецификација и 3) демо верзија на БЕП1. Напредокот на активностите во однос на платформата може да се следи онлајн на БЕП платформата (http://bep.ispehe.org).

  1. IO1 (Intellectual Output 1) - Web-sites of the project ISPEHE
  2. IO 2 - Communication,dissemination, project visibility plan
  3. IO3 - Quality assurance and risk assesment plan
  4. IO4 - Project Breakdown and Incidentals Budget
  5. IO5 - Inception report
  6. IO6 - SILM analysis
  7. IO7 - SILM PIlot model
  8. IO8 - Consolidated Career Center
  9. IO9 - Business Educational Platform (BEP) ver.1
  10. IO10 - Business Educational Platform (BEP) ver.2