Конзорциум

Проектниот конзорциум е составен од 5 организации од 4 различни Програмски држави: Институт за бизнис економија-Македонија (проектен координатор), The University College of Economics and Culture (EKA) – Латвиа (партнерска организација), University of Pavia – Италија (партнерска организација),  Riga Technical University (RTU) – Латвиа (партнерска организација), and University of Ljubljana – Словенија (партнерска организација). Процесот на селекција на партнерските организации се темелеше на идентификување на високо квалификувани институции, кои одговараат и обезбедуваат комплементарност на нивните предности и слабости.

Институтот за бизнис економија е Организација-апликант формирана во Македонија во 2011 година. Институтот има имплементирано нова наставна програма,  фокусирајќи се на подобрување на претрпиемачката култура кај дипломираните студенти и поврзувајќи ги со бизнис заедницата. Во Институтот работи високо квалификуван истражувачки тим кој ќе  донесе истражувачко искуство и компетентност во развојот на иновативен модел за учење. Дополнително Институтот има развиено локална мрежа со релевантните стејкхолдери од бизнис заедницата и јавниот сектор, кои ќе бидат ставени во функција на целосно постигнување на проектните цели.

The University College of Economics and Culture (EKA) е приватна високообразовна институција која ќе придонесе со својот квалитет и искуство во обезбедувањето на најдобрите образовни практики. Институцијата има добиено бројни  признанија во Европа поврзани со имплементација на образовни програми, и нивното искуство посебно ќе додаде вредност во создавање на интегрираниот образовен модел.

Традицијата на создавање, модифицирање и примена на висообразовни практики на University of Pavia е стара 7 векови. Имајќи предвид дека Кредит трансфер системот води потекло од Италија, овие две компаративни предности кои ги има University of Pavia ќе бидат корисни во проектот во делот на развивањето на интегриран образовен модел кој ќе го имплементира и кредит трансфер системот. Од оваа високообразовна институција ќе биде користено и искуство и знаење во делот на создавањето на интегриран Кариерен центар, поради нејзиниот развиен модел за поддршка на кариерата на студентите.

Riga Technical University (RTU) е државна високообразовна институција која преку Центарот за трансфер на  иновации и технологии што функционира во нејзини рамки им става акцент на иновациите и претприемништвото, кои претставуваат иницијален линк помеѓу високообразовната  институција и бизнисите во регионот. Оваа институција не само што има искуство во поддршка на претприемништвото, туку ја поддржува комуникацијата и соработката со бизнис заедницата, знаење што може да се искористи при реализирање на активностите на проектот.

University of Ljubljana е избран за партнер во проектот поради неколку аспекти. Прво, оваа високообразовна институција се наоѓа на Балканот, како и тоа дека досега има успешно имплементирани повеќе фази на модернизација на висообразовниот процес и кредит трансфер системот. Уште повеќе, оваа институција може да понуди добри практики за поддршка на претприемништвото и иновациите. Универзитетот веќе има воспоставено успешна мрежа на истражувачки центри и ова искуство може да се пренесе на проектот.  Дополнително, оваа институција има успешен бизнис инкубатор, како и институт за развој на иновациите.

Сите партнерски организации имаат кооперативни истражувања за главните прашања опфатени со овој проект пред почетокот на подготовка на апликацијата. Важно е да се напомене дека партнерите претходно немаат соработувано во оваа форма, и ова е прв пат да работат на заеднички проект. Оттука, тие  исполнуваат една од главните точки од мисијата на Еразмус + програмата –проширување на соработката помеѓу европските институции, посебно воспоставување нови партнерства помеѓу институциите во различни држави. Ниедна од партнерските институции не е инволвирана претходно во сличен проект, што му дава на ова партнерство иновативен пристап во таргетирањето на транснационални прашања во високото образование.