Успешен состанок во Рига: Финализирање на БЕП платформата

Проектниот тим на ISPEHE одговорен за имплементацијата на третата компонента (БЕП платформата) успешно спроведе дводневен состанок (10-ти и 11-ти јуни) на Техничкиот Универзитет во Рига.

20150611_110845

На почетокот на состанокот секоја од партнерските институции даде краток вовед за начинот на работа и компјутерските и информациони системи кои веќе се имплементирани. Потоа беше одржана деталната презентација за целите, резултатите и причините за создавање на оваа платформа, како и техничките побарувања и очекуваниот прогрес во текот на наредниот период. На вториот состанок, учесниците добија детални инструкции за нивните обврски околу создавањето и одржувањето на платформата.

Проектот ISPEHE е финансиран и поддржан од Европската Комисија под Еразмус+ програмата.