Продуктивен состанок во Рига: Поставена основата за Интегрираниот пилот модел

Проектниот тим на ISPEHE успешно спроведе дводневен состанок во Рига (10-ти и 11-ти јуни), на кој се дискутираше имплементацијата на првата компонента (Интегрираниот пилот модел), со посебен фокус кон финализирање на истражувањето за анализа на потребите за моделот и поставување на основите за состанокот кој ќе се одржи во Павиа, Италија. Сите членови на проектниот тим придонесоа за почеток на успешната имплементацијата на првата компонента.

100_4828

Состанокот започна со воведно обраќање од домаќинската институција, а потоа секој партнер ги презентираше наодите од сопствените истражувања кои беа спроведени во текот на претходниот месец. По излагањето на партнерите, четири професори од домаќинската институција презентираа иновативни и креативни методи за учење во областа на менаџментот. Во текот на вториот ден беа поставени основите за состанокот во Павиа, како и создавање на детален распоред за обврски на секој од партнерите и потребните понатамошни акции за финализирање на првата компонента.

100_4821

Проектот ISPEHE е финансиран и поддржан од Европската Комисија, под Еразмус+ програмата.