ISPEHE продолжува со имплементацијата на првата и третата компонента од проектот

Проектот ISPEHE влегува во финалната фаза од првиот квартал од предвидениот период за имплементација. Како дел од имплементацијата на првиот компонент (Интегриран образовен пилот модел) и третата компонента (БЕП платформата), ќе бидат одржани два посебни состаноци во Рига, Латвија во периодот помеѓу 10-ти и 11-ти јуни.

Универзитетот за Економија и Култура (EKA) ќе биде домаќин на првиот дводневен состанок, кој ќе се фокусира на првата компонента од проектот. Во претходните два месеци (април и мај), беше спроведено заедничко истражување на партнерските институции, со што на состанокот ќе бидат презентирани резултатите и ќе биде спроведена дискусија, како и финални заклучоци. Со тоа, ќе се постави основа за подготовка на Интегрираниот образовен пилот модел кој треба да ги сподели најдобрите образовни практики во Европа.

Техничкиот универзитет во Рига (RTU) во истиот период (10-ти и 11-ти јуни) ќе биде домаќин на состанок организиран помеѓу IT експерти од секоја партнерска институција. Состанокот ќе се фокусира на основната верзија на БЕП платформата (компонента 3), алтернативни дизајн решенија и можности за подобрување на истата. На состанокот ќе бидат поделени идни обврски околу оваа компонента, со што ќе се зајакне координацијата при нејзина имплементација.

Проектот ISPEHE е финансиран и поддржан од Европската Комисија, преку Erasmus+ програмата.