Успешно организирани аудио-визуелни сесии со бизнис заедницата

Како дел од ново-формираниот Консолидиран Кариерен Центар, студентите од партнерските институции на ИСПЕХЕ имаат можност да учествуваат во онлајн виртуелна конференција (поточно, аудио-визуелна сесија) со бизнис заедницата. Околу 90 студенти од Универзитетот на Љубљана - Факултет за Администрација, Факултетот за Бизнис економија и Институтот за Бизнис економија и Универзитетот на Њу Јорк, Платсбург, стапија во интеракција со претставници на бизнис секторот од САД, Словенија и Македонија.

screenshot-2016-12-01-13-06-17

Настанот беше одржан преку БЕП платформата (Business Educational Platform) на 16-ти ноември, 2016-та година. Студентите, професорите и претставниците од бизнис заедницата се приклучија на настанот преку интернет, без физичко присуство на одредена локација. Настанот траеше повеќе од 1 час, при што студентите и претставниците од бизнис заедницата споделија значајни искуствија и најдобри практики.