Успешно организиран финален состанок како дел од имплементацијата на ИСПЕХЕ проектот

Во просториите на Приватниот научен институт за бизнис економија (ИБЕ) Скопје беше организиран дводневен финален состанок на 3ти и 4ти Ноември 2016 година, со цел преглед на имплементацијата на проектот, оцена на реализирани активности, резултати и аутпути, како и дискутирање на одржливоста на проектот и административните и технички обврски на партнерите. Вкупно 13 членови на проектниот тим беа присутни на состанокот, од секоја од партнерските институции: ИБЕ во улога на проектен координатор, ЕКА – Рига (Латвија), Факултет за администрација – Универзитот на Љубљана, Техничкиот Универзитет во Рига (Латвија) и Универзитетот во Павиа (Италија) во улога на проектни партнери.

dsc_0480

На финалниот состанок беа дискутирани следниве теми:

  • Претставување на реализираните резултати од имплементирањето на 3те проектни компоненти: Пилот моделот за стратешко интегрирање на моделите на учење (СИЛМ), Платформата за интегрирање на бизнис заедницата и образованието (БЕП) и Кариерниот центар,
  • Дискутирање на прогресот и имплементацијата на 11те проектни аутпути
  • Појаснување на процесот на мониторинг, и на насоките дадени при посетите на официјални претставници од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност,
  • Претставување на дополнителните технички и административни обврски од страна на проектните партнери,
  • Пресек на буџетот на проектот, анализирање на досегашните потрошени средства и проекција на следните,
  • Иницијални подготовки за пишување на финалниот извештај

Финалниот состанок е дел од имплементацијата на проектните активности во рамки на проектот ИСПЕХЕ, финансиран и со поддршка од Европската Комисија, во рамки на Еразмус+ програмата.