Успешно спроведен настан за градење на капацитет: Формирање на Консолидиран Кариерен Центар

Проектниот тим на "ISPEHE" успешно го спроведе вториот настан за градење на капацитет, кој беше организиран во просториите на Универзитетот на Љубљана, Факултет за Администрација. Настанот се спроведуваше во текот на 7 дена, односно од 30-ти ноември до 4-ти декември, а се однесуваше на имплементацијата на втората компонента (Консолидиран Кариерен Центар), со посебен фокус на споделување на знаење, иновација и дефинирање на рамка за спроведување на идните активности.

Партнерските институции спроведоа дискусија и истражување на следните теми:

  • Функционирање на Кариерните центри на Универзитетот на Љубљана, Универзитетот на Павиа и Техничкиот универзитет на Рига
  • Создавање на основа за идните чекори поврзани со Консолидираниот Кариерен центар, вклучувајќи различни активности и компоненти кои треба да бидат завршени
  • Дискусија за финалните чекори поврзани со имплементацијата на првата компонента (SILM)
  • Работилница на тема „Методи за креативно размислување во високото образование“
  • Функционирање на CDPE (Центар за педагошко подобрување)
  • Консултативна википедија за администрација како метод на развивање на начинот на учење и способностите на студентите
  • Посета на LUI (Бизнис инкубаторот на Љубљана)
  • Презентација на проекти: „Креативен начин за примена на практично знаење“ и „Претприемништво за млади истражувачи“
  • Конференција на студенти на Факултетот за администрација: поврзување на студентите и работодавците
  • Нови методи на предавање во високото образование: „играње на улога“
  • Учество на студентите како демонстратори
  • Дизајнирање на предмет - практична работа (пракса)
  • Улогата на интернационалните акредитации во високото образование
  • Презентација на истражување на студентите за квалитетот на студии и стекнати вештини
  • Развивање на вештини и способности преку интернационална мобилност

„ISPEHE“ проектот е финансиран и поддржан од Европската Комисија во рамки на програмата „Erasmus+ Programme“.