Успешно спроведен настан за градење на капацитетите насловен „Перспективи и модернизација на високото образование“ во рамки на проектот „ISPEHE“

Проектниот тим на „ISPEHE“ успешно го спроведе првиот од двата настани насловени – Настани за интензивно градење на капацитети. Овој настан беше организиран во просториите на Универзитетот во Павиа, од 20-26 Септември 2015 и учесниците имаа прилика да се здобијат со корисни информации и најдобри практики, пред се од педагошки аспект, се со цел за поуспешна имплементација на Компонента 1 „SILM“ од проектот. Овој настан претставуваше своевидно продолжение на настанот на Рига во рамки на истата Компонента.

Од секој од проектните партнери беа присутни најмалку по двајца учесници, во рамки на предвидениот буџет. Учесниците на настанот активно придонесоа во реализирањето на следниве теми кои беа посебно акцентирани на настанот:

  • Општи трендови идентификувани во спроведената Анализа во рамки на Компонента 1
  • Практично учење имплементирани во предмети од областа на менаџмент – значење; примери на најдобри практики
  • Вежби – значење; спроведување на вежби; примери за најдобри практики спроведени во предмети од областа на менаџмент
  • Студии на случај – значење; што претставува соодветна студија на случај, најдобри практики
  • Ефективно предавање, и моќта на ефективното предавање
  • Проверка на знаењето (оценување) – интегрирано оценување; комбинација од усно и писмено оценување
  • Студенти во улога на демонстратори; најдобри практики спроведени на Факултетот за администрација (Универзитетот во Љубљана)
  • Презентации на учесниците
  • Интегриран пристап на предмети и програми – пристапот на Техничкиот Универзитет во Рига
  • Најдобри практики во користењето на ИКТ во областа на менаџмент
  • Студиски посети: активности спроведени; подготовки пред и по спроведената студиска посета

„ISPEHE“ проектот е финансиран и поддржан од Европската Комисија во рамки на програмата „Erasmus+ Programme“.